Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп во проблеми: Ливерпул сериозно ослабен во Мадрид!

Клоп во проблеми: Ливерпул сериозно ослабен во Мадрид!

Фудбалерите на Ливерпул утре му гостуваат на Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето за Лигата на шампионите, а во него ќе бидат дополнително ослабени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освен што надвор од тимот од претходно се повредените Тијаго Алкантара и Луис Дијаз, капитенот Џордан Хендерсон не тренираше на денот пред натпреварот и најверојатно нема да биде на располагање на Клоп.

Исто така Стефан Бајчетиќ е под голем знак прашалник затоа што го пропушти последниот тренинг, но отпатува со екипата во Мадрид. Според последните најави во средниот ред ќе игра Џејмс Милнер, бидејќи Наби Кеита е констатно физичк инеспремен. Сигурни стартери се Фабињо и Харви Елиот.

Пред Ливерпул е тешка задача затоа што во првиот натпревар изгуби со 5:2 и тоа на свој терен. Потенцијалниот состав на Ливерпул би изгледал вака.

Алисон, Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Елиот, Милнер, Салах, Нуњез, Гакпо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Не е само еден: Меси со чудесниот настап против Алжир урна шест мундијалски рекорди!

Лионел Меси ги постигна сите три погодоци на натпреварот, со што успеа да собори или изедн…