Дома Фудбал Англија Клоп: Би лажел ако кажам дека играње во Лига Европа ќе биде успех

Клоп: Би лажел ако кажам дека играње во Лига Европа ќе биде успех

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп порача дека за него не е никаков проблем ако тимот игра во Лигата на Европа следната сезона.

Германецот со Ливерпул во изминатите шест години беше редовен учесник во Лигата на шампионите, но како што стојат работите сега тешко ќе дојде до четвртото место кое во води во елитното натпреварување.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ливерпул во овој момент е седми на табелата со седум бодови помалку и натпревар повеќе од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед.

„Ќе го земеме она што ќе го добиеме. Не размислувавме на поечтокот за Лига Европа и би лажел кога би кажал дека тоа е успех. Меѓутоа според тоа како работите се одвиваа во овој момент и тоа би било добар резултат. Немам никаков проблем да се натпреваруваме во Лигата на Европа“, изјави Клоп.

Во недела од 17:30 часот Ливерпул го очекува тежок натпревар против Тотенхем во рамките од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА жестоко ја казни Србија!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестоко го казни Фудбалскиот сојуз на Србија. Србит…