Јирген Клинсман си даде оставка од тренерското место во берлинска Херта после помалку од три месеци поминати на клупата на германскиот клуб.
Клинсман во ноември на клупата на Херта го замени Анте Човиќ со цел да го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клинсман замина поради недоразбирање со раководството и оштро го критикуваше менаџментот, но најави дека ќе остане во надзорниот одмор на Херта.
„Како тренер, секогаш ми е најважна довербата на луѓето од клубот за кои работам, нешто што не се случи во Херта. Единство, кохезија и фокусираност, тоа се најважните елементи, особено кога се борите за опстанок. Ако не се гарантирани, јас не можам да го исполнам својот тренерски потенцијал, со самото тоа и не можам да имам одговорност за резултатите. Затоа, по многу размислување донесов одлука да се повлечам од тренерскиот ангажман“, изјави Клинсман.
BREAKING: Jurgen Klinsmann has left his role as Hertha Berlin head coach after 76 days in charge.
— ESPN FC (@ESPNFC) February 11, 2020
He won just three of his 10 matches in charge. pic.twitter.com/JFC1RK6g1B