Дома Фудбал Останато Клаудио Раниери се враќа во Англија?

Клаудио Раниери се враќа во Англија?

Њукасл вчера објави дека Рафаел Бенитез го напушта клубот на овој англиски премиерлигаш.

Бенитез на изненадување на сите одлучи да го напушти „Сент Џејмс Парк“ иако говореше наводно дека сигурно ќе остане. Сега овој англиски тим мора да бара тренер, а веќе неколку имиња се поврзуваат со Њукасл.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Sky Sports“ денеска објави дека поранешниот тренер на Рома, Клаудио Раниери е најблиску да ја превземе клупата на Њукасл. Искусниот италијански тренер сака да се врати во Англија по кратката епизода во Серија А.

Претходниот ангажман во Англија овој 67-годишен тренер го имаше во првиот дел од минатата сезона кога го водеше Фулам. Сепак, поради лошите резултати на крајот доби отказ.

Меѓутоа, изгледа дека Раниери нема долго да чека за нова работа, а Њукасл сигурно ќе биде голем предизвик. Се разбира, Раниери има голем углед во Англија откако што пред три години сензационално стана шампион на Англија со Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…