Дома Останати Тенис Кирјос го праша Ѓоковиќ за тајното дрво, Новак имаше оригинален одговор 🎥

Кирјос го праша Ѓоковиќ за тајното дрво, Новак имаше оригинален одговор 🎥

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:1.

Како што е познато за ова издание на „Еуроспорт“ еден од главните коментатори е Ник Кирјос. Досега Кирјос ги коментираше настапите на Новак само од студио, а по мечот со Кирјос на изненадување на публиката излезе на теренот каде што му правеше интервју на Новак.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кирјо во минатото беше еден од најголемите критичари на Ѓоковиќ, но подоцна го смени мислењето и сега еден од неговите најголеми поддржувачи.

Австралиецот во краткото интервју имаше подготвено интересни прашања за Новак.

„Веројатно никогаш повеќе нема да бидам покрај тебе во ваква улога, па морам да те прашам каде е тоа дрво“, праша Кирјос мислејќи на дрвото за кое Ѓоковиќ постојано зборуваше дека е негов извор на енергија пред мечевите во Мелбурн.

На ваквото прашање Ѓоковиќ имаше оригинален одговор.

„Нема проблем, ќе ти го покажам дрвото, но да е тајна. Прво ќе мора да ги соблечеш патиките, да се качиш високо на него и да висиш наопаку 33 минути и три секунди и така ќе победиш на грен-слем“, гласеше одговорот на Новак кој ги насмеа присутните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…