Натпреварите од Серија А кои беа закажани за вчерашниот ден беа одложени поради големата трагедија и смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.
Споменатото коло требаше да биде во знак на големото градско дерби помеѓу Милан и Интер. Но натпреварот кој беше закажан за 20:45 часот на „Сан Сиро“ беше одложен по трагичниот настан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, според информациите на италијанските медиуми не биле баш сите за одложувањето на натпреварот. Посебно тоа се однесува на првите луѓе на Милан кои сакаа тој натпревар да се одигра бидејќи сопственикот на клубот Јонгхонг Ли допатувал од Кина за во живо да го следи овој натпревар.
Сепак, по објавата дека Астори починал работите во свои раце ги превземал Џенаро Гатузо. Тренерот на Милан порачал дека нема шанси тој натпревар да се одигра, дури го одложил и ручекот на играчите на Милан со сопственикот на клубот.