Кинескиот клуб Гуангжу Евергранде ќе се обиде да ја донесе во своите редови ѕвездата на Наполи Дрис Мертенес, пренесуваат италијанските медиуми.
Раководството на кинескиот клуб договорило средба со сопругата на Мертенс која ќе се одржи во Лондон и на која ќе се разговара за неговиот евентуален трансфер во Кина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мертенес призна дека има богата понуда од Кина, но дека трансферот зависи од сопругата и семејството кое не сака да се пресели на далечниот Исток.
„Имав можност да се преселам во Кина и за една година да заработам повеќе отколку за целата кариера, но мојата сопруга не сакаше да живее таму. Па поради тоа пропадна трансферот“, изјави Мертенс.
Поради тоа сега челните луѓе на Гуангжу ќе разговараат со неговата сопруга и ќе и понудат специјални услови, па во наредните денови ќе дознаеме повеќе околу евентуалниот трансфер.