Дома Трансфер зона Кимих се поблиску до заминување, Барселона чека прилика?

Кимих се поблиску до заминување, Барселона чека прилика?

Џошуа Кимих би можел да го напушти Баерн Минхен и да премине во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа тема беше актуелна и летово, но преговорите не се ни одржаа поради лошата финансиска состојба во каталонскиот клуб.

Сепак, како што откриваат денес каталонски извори, Кимих на лето би можел да биде на попуст, бидејќи влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен.

Кимих се уште е лидер на Баерн, но впечаток е дека тој беше лидер на кланот кој не беше за заминување на Јулијан Нагелсман, па поради тоа може да биде на листата за заминување.

Поради ова, Кимих ја стави опцијата за продолжување на соработката на чекање, а може да го принуди Баерн да го продаде на лето.

Баварците не се познати по тоа што ги пуштаат своите играчи до истекот на договорот, па претходно една година порано во поновата историја беа продадени – Роберт Левандовски, Тиаго Алкантара и Бенјаман Павар.

Не е тајна Чави е фан на играта на Кимих, а неколку пати и го изјавуваше тоа во своите изјави пред новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…