Бројни фудбалери протестираат против преполниот распоред на натпревари. Многу светски ѕвезди тврдат дека се премногу уморни од жестокиот ритам што им го наметнуваат УЕФА и ФИФА со згуснатите распореди и многубројните натпреварувања.
Сепак, германскиот репрезентативец Џошуа Кимих (29) е еден од ретките кои не се согласуваат со овие изјави: „Моето мислење е малку непопуларно, но јас сум некој што сака да игра. Уживам кога има многу натпревари“, изјави фудбалерот на Баерн и додаде дека со нетрпение ја очекува Лигата на нации, која на многу фудбалери не им се допаѓа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Свесен е дека играчите се преоптоварени, поради што има многу сериозни повреди како Родригез, Бремер и Карвахал: “Мускулните повреди исто така се поврзуваат со високо ниво на стрес. Но, во фудбалот секогаш ќе има повреди. Тимовите стануваат се поголеми, можете почесто да ротирате играчи, многу е поинтересно на теренот.
Кимих може да игра како десен бек и играч за врска, а оваа сезона има девет настапи и две асистенции во сите натпреварувања. Во кариерата играше и за Штутгарт и РБ Лајпциг, а според Трансфермаркт вреди 50 милиони евра.