Барселона го продаде еден од своите најголеми бисери за 1,5 милиони евра без повратна клаузула. 22-годишбниот лев бек Алекс Грималдо сега одлично игра во Бенфика и се најде на списокот на Жозе Мурињо.
Мурињо е во потрага по лев бек во зимскиот преоден рок и една од најголемите желби е токму Алекс Грималдо, кој го воодушеви на натпреварот во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Грималдо е дете на Барселона, беше капитен на Б тимот, но поради лошиот однос и недовербата од Луис Енрике пред две и пол години побара да замине од „Камп Ноу“ бидејќи не доби шанса во првиот тим.
Бенфика го препозна неговиот потенцијал и понуди 1,5 милиони евра за него, што Барса на срамен начин одлучи да ги прифати и се откажа од него без можност да го врати на „Камп Ноу“.
Неговата откупна клаузула во моментов изнесува 55 милиони евра, што нема да претставува проблем за Мурињо, особено поради фактот што таа позиција е најпроблематична во неговиот тим.