Дома Фудбал Кике Сетиен нов тренер на Виљареал

Кике Сетиен нов тренер на Виљареал

Доцна синоќа шпански Виљареал го промовираше Кике Сетиен за нов тратег, договорот на Сетиен е со важност до крајот на следната сезона.

Во Виљареал неочекувано и брзо дојде до тренерска смена. Откако Астон Вила го отпушти Стивен Џерард го доведе Емери од Виљареал, па затоа шпанскиот тим беше принуден да му бара на следник. Изборот на крајот беше на поранешниот тренер на Барселона.

„Договорот на Сетиен е до крајот на следната сезона“, соопштија од Виљареал.

Веќе од денес Сетиен стартува со работата во тимот, а потоа се очекува и презентацијата пред новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…