Дома Фудбал Италија Киелини откри кој напаѓач му создава најмногу проблеми

Киелини откри кој напаѓач му создава најмногу проблеми

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини во интервју за италијанските медиуми откри кои двајца напаѓачи се најтешки за чување во казнетиот простор.

Без изненадување Киелини на првото место го стави неговиот соиграч Кристиано Роналдо, а на второто место е напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Пред неколку дена Јуветус играше против Интер во Серија А, но овој пат Икарди не успеа да се запише во листата на стрелците.

„По мое мислење Икарди е вториот најдобар напаѓач во казнетиот простор, против кого сум играл. Успева да те хипнотизира. Треба да бидеш сконцентриран цело време, за да не направиш грешка. Познавам само еден кој е подобар од него, но оваа година тој игра во мојот тим“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …