Дома Фудбал Киелини: Македонија ни го сруши мундијалскиот сон

Киелини: Македонија ни го сруши мундијалскиот сон

Maкедонија денес ја шокираше Италија во Палермо и ја елиминираше од баражот за Светското првенство.

Еден од најискусните во таборот на Италијанците, Џорџо Киелини беше искрен за разочарувањето кое им го приреди македонската репрезентација.

„Целосно сме уништени. Ова е шокантен пораз и неочекувано сценарио. Игравме добро, но не успеавме да постигнеме гол. Сепак, горд сум на тимот, играчите и селекторот Манчини. Сега ќе мораме да почнеме одново. Манчини треба да остане селектор“, потенцираше дефанзивецот на Јувентус.

За пласман на Мундијал Македонија ќе игра во вторник против Португалија во Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станковски со додавање за гол го испраќа Колос на репрезентативната пауза

Лука Станковски му асистираше на Денис Ндукве во ремито 1-1 кај Буковина. Македонскиот игр…