Дома Фудбал Останато Киелини: Лигата на шампионите беше сон, сега со Роналдо стана наша цел

Киелини: Лигата на шампионите беше сон, сега со Роналдо стана наша цел

Стоперот на Јувентус и италијанската репрезентација Џорџо Киелини го пофали својот соиграч Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киелини е среќен што денес игра со Роналдо, но потенцира дека Португалецот толку многу пати му ги срушил соништата. Роналдо во дресот на Реал Мадрид неколку пати му пресуди на Јувентус.

„Кристиано постигна многу голови против нас и толку пати ги сруши моите соништа – во Кардиф, во Мадрид и во Торино…Пред тоа Лигата на шампионите беше сон, сегаа таа е цел бидејќи го имаме најдобриот играч во светот. Време е да го направиме тој последен чекор“.

„Роналдо има фантастична техника и неверојатен став – фасцинантно е како работи, како се припрема за натпреварите, како живее за секој ден од својот живот. На сите нас би можел да ни биде патоказ“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансфер од 150 милиони евра: Играчот се согласи, а сега Ливерпул тргна на сè или ништо

Иако досегашниот дел од преодниот рок ни донесе навистина неколку звучни трансфери, се чин…