Дома Фудбал Киелини: Зборував со Роналдо, добар е се сонча

Киелини: Зборував со Роналдо, добар е се сонча

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини за италијанските медиуми откри дека Кристиано Роналдо се чуствува добро откако беше утврдено дека е позитивен на Ковид 19.

Португалската фудбалска федерација денес објави дека Кристиано Роналдо е позитивен на коронавирус, но дека е добро и моментално се наоѓа во изолација.

Киелини зборуваше за многуте нови случаи на Ковид 19 во Серија А и тврди дека ќе биде добро ако се заврши оваа сезона.

„Зборував со Кристиано, тој е океј и се сонча и ќе се врати кога ќе е подготвен. Следните некоку месеци ќе бидат многу тешки. Ќе биде победа само да ја завршиме  сезоната, а резултатите не се многу важни“, изјави Киелини.

„Ескалацијата во последните неколку недели не изненадува, но мораме да продолжиме, да ги преземеме сите мерки, бидејќи не смееме да сопреме. Првата причина е економска, фудбалот е голема и важна индустрија. Постои и социолошка потреба, бидејќи во следните недели многу работи ќе се затворат и мора да ризикуваме“, додаде капитенот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Минути во Реал нема, но Мурињо има желба за Ендрик кај Анчелоти

Ендрик добива малку простор во Мадрид, а Мурињо се надева дека напаѓачот ќе игра повеќе во…