Дома Фудбал Останато Киелини го посвети трофејот на Астори и го расплака Манчини 🎥

Киелини го посвети трофејот на Астори и го расплака Манчини 🎥

Во Рим вчера Италија ја славеше европската титула.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италија го освои Европското првенство откако во неделата навечер ја победи Англија на пенали. Од попладнето играчите започнаа голема прослава, се парадираше низ полните улици со двоспратен автобус. Навивачите ги поздравуваа фудбалерите со пораката: Вие сте гордост на нацијата.

Најголеми емоции предизвика Џорџо Киелини кој со кратката изјава расплака многумина меѓу кои беше и селекторот Манчини.

„Го посветуваме трофејот на Давиде Астори, би сакал денес да е тука со нас. Секогаш е присутен во нашите мисли и срца. Секогаш ќе биде еден од нас. Ова е група која не потклекна со духот и во најтешките моменти“, изјави Киелини.

Ќе потсетиме, Астори почина на почетокот на март 2018 година во хотелската соба пред натпреварот на неговата Фиорентина против Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Каков хит: Атлетико брутално одговори на Барселона за Алварез!

Ако мислевте дека трансфер сагите современиот фудбал станале предвидливи и здодевни, офици…