Дома Фудбал Останато Киелини го „пецна“ Рамос: Намерно го повреди Салах

Киелини го „пецна“ Рамос: Намерно го повреди Салах

Џорџо Киелини во лоследно време ја „тресе“ фудбалската јавност со своите приказни од автобиографијата.

Капитенот на Јувентус денес повторно „крена прашина“, откако за Серхио Рамос рече дека е најдобар дефанзивец, но смета дека намерно го повредил Салах во финалето од ЛШ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Рамос е најдобар дефанзивец во светот. Може да кажат дека е импулсивен, дека не знае да игра тактички, дека поради негова вина паѓаат по осум или десет гола во една сезона. Но, тој е технички неверојатен, може да игра како напаѓач, тој е целосен контраст на мене. Има две карактеристики кои ги нема ниту еден друг дефанзивец, техника и чувство за гол“, истакна Киелини.

„Исто така, посебен и со интервенции кои и пркосат на логиката, вклучувајќи и повреди кои прават драстична разлика на теренот. Тоа што го направи со Салах беше маестрално. Маестро Серхио секогаш вели дека било ненамерно, но беше свесен дека паѓајќи со него на тој начин со цела своја тежина, ќе му го скрши рамото во девет од десет пати“, тврди Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …