Дома Фудбал Италија Киелини: Гвардиолизмот ги уби дефанзивците!

Киелини: Гвардиолизмот ги уби дефанзивците!

Италијанскиот дефанзивец и член на Јувентус, Џорџо Киелини имаше инетресно видување за револуцијата во фудбалот која ја направи Пеп Гвардиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киелини смета дека начинот на игра кој го наметнува Гвардиола едноставно ги убива одбранбените фудбалери.

„Гвардиолизмот уништи генерации на одбранбени фудбалери. Сега сите стопери сакаат да учествуваат во играта, да ја држат топката и да ја водат играта, но ретко кој од нив знае квалитетно да го покрива просторот и да маркира играч. Тоа е штета за нас во Италија бидејќи ние никогаш нема да играме тика-така, тоа едноставно не е наша филозофија“, истакна Киелини.

Италија денес игра бараж натпревар за Светско првенство против Шведска.

„Нашата репрезентација учествува на Мундијал веќе 60 години и ќе биде катастрофа да не се квалификуваме. Сепак, ја имавме Шпанија во група и знаевме дека постои можност да играме бараж“, додаде Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот заплака пред камери поради капитенот на Јапонија: Чувствувам голема вина – му нанесов болка!

Јапонија одлично го отвори Светското првенство, играјќи нерешено 2:2 против фаворизираната…