Дома Фудбал Репрезентации Кејн: Судијата се исплаши и поништи чист гол!

Кејн: Судијата се исплаши и поништи чист гол!

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн го посочи главниот судија Дани Меккели како главен виновник за синоќешниот пораз од Шпанија во Лигата на нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот судија донесе спорна одлука да го поништи голот на Велбек во судиското продолжение, со кој домаќините можеа да дојдат до реми.

„Ова беше 100 проценти погрешна одлука. Во такви моменти судијата треба да е цврст и одлучен, а тој се исплаши и погреши. Велбек едноставно стоеше и Де Хеа падна врз него, па судијата си измисли прекршок“, изјави Кејн.

„Не е фер судиите да грешат во одлучувачки моменти, го заслуживме тоа реми и одлуката е разочарувачка. Мислам дека понекогаш голманите се претерано привилегирани во однос на останатите фудбалери“, додаде капитенот на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тотенхем завршува совршено лето, уште еден Бразилец за разорниот тим на Де Зерби!

Никој не е толку активен на почетокот од летото како – Тотенхем, бидејќи следната ре…