Најдобриот англиски напаѓач Хари Кејн изјави дека начинот на кој неговата селекција ја елиминира Колумбија во осминафиналето е значаен за него и неговите соиграчи.
„Ние сме прилично млада екипа, а оваа победа за нас има неверојатно значење. После неа пораснавме како тим. Искрено, го носевме тој товар од некои претходни генерации, знаеме како претходно сме поминувале на пенали и не можам да кажам дека тоа нас не не’ мачеше. Момците се покажаа како зрели и сигурно, покажаа менталитет кога најмногу требаше.“ – рече Кејн и додаде:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Веруваме во највисок пласман. Горди сме на ова, но има уште многу до целта. Мораме да останеме заедно, а веруваме повеќе од било кога.“
Хари Кејн има 24 години и веќе е капитен на Англија, како и најдобар стрелец во досегашниот дел од СП со шест погодоци на три одиграни натпревари.