Дома Фудбал Репрезентации „Кејн би го чувал и со цигара во уста“

„Кејн би го чувал и со цигара во уста“

Aнглија одигра два различни натпревари, еден во кој го декласираше Иран со 6:2 и еден во кој едвај освои бод против САД.

На двата натпревари Хари Кејн не се запиша во листата на стрелци и формата на напаѓачот на Тотенхем може дабиде загрижувачка. Кејн на минатиот Мундијал блескаше и ја освои Златната копачка, но во Катар не игра на нивото и добива критики.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Жесток во критиките беше поранешниот англиски репрезентативец и некогашен фудбалер на Арсенал, Тони Адамс.

„Кејн е напаѓач кој не напаѓа длабоко во одбраната и не се врти со лицето кон вас, тој е како играч од средниот ред кој оди подлабоко да ја добие топката. Луѓето можеби мислат дека имам нешто против Хари затоа што кажав дека Даклан Рајс треба да биде капитен“.

„Не е во прашање ривалство помеѓу Арсенал и Тотенхем. Секако, дека ни е потребен Кејн тој е еден од најдобрите во светот, но погледнете ги неговите бројки. Да сум јас стопер во Катар против него би играл со цигара во уста“, изјави Адамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …