Дома Трансфер зона Кеси веќе ги одработил медицинските прегледи во Барселона

Кеси веќе ги одработил медицинските прегледи во Барселона

Како што стојат работите со иднината на Франк Кеси се е завршено, играчот за врска на крајот од сезоната ќе го напушти Милан и ќе се пресели во Барселона.

Управата на Милан се обидуваше да го убеди Кеси да остане, но понудите беа одбивани. Следна дестинација на одличниот играч за врска ќе биде Барселона. Од претходно беше објавено дека Кеси ги има договорено деталите со Каталонците, последната информација во врска со Кеси е и дека ги поминал медицинските прегледи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фабрицио Романо објави дека Барселона ја искористила репрезентативната пауза за и дефинитивно се да заврши околу Кеси. Се би требало да биде официјализирано во наредните недели.

Кеси во Лугано успешно ги поминал медицинските прегледи и се сретнал со претставниците на Барселона со кој ги договорил сите детали од договорот. Веќе е познато дека во Барселона ќе заработува 6.5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…