Дома Трансфер зона Кепа оваа сезона ќе брани во Англија и ќе биде прв голман

Кепа оваа сезона ќе брани во Англија и ќе биде прв голман

Според последните информации од шпанските и островските медиуми, Кепа Аризабалага ќе биде испратен на нова позајмица.

Последните најави се дека голманот ќе остане во Англија и ќе го брани голот на Бормут, а претходно ќе потпише нов договор со Челзи до 2026 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Изминатата сезона шпанскиот чувар на мрежата бранеше за Реал Мадрид, меѓутоа и покрај тоа што Куртоа беше повреден не доби премногу простор затоа што Андреј Лунин имаше одлична сезона.

Сега се очекува во Бормут да биде прв голман. Бормут претходно се обидуваше да го доведе Мамрадшвили исто така на позајмица, меѓутоа тој по потписот со Ливерпул кој се најавува ќе остане во Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…