Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесува „Калчомеркато“.
Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, на кого договорот му истекува во јуни и може да го напушти „Сан Сиро“.
Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па Милан ќе има сериозна конкуренција.