Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните информации ПСЖ е фаворит за неговиот потпис.
„Светците“ се во потрага по фудбалер кој ќе биде замена за Килијан Мбапе, кој го напушти клубот како слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претставниците на ПСЖ стапиле во контакт со 23-годишниот крилен напаѓач и веќе постигнале договор. Кварацхелија се согласил на 5-годишна соработка и плата од 7,5 милиони по сезона.
Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го задржи, но Грузиецот веќе одлучил да замине бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.
ПСЖ е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот трансфер, па се очекува трансферот да се реализира после ЕУРО.