Легендарниот голман Сантијаго Кањизарес се потсети на соработката со Роналд Куман.
Кањизарес истакна дека за него Куман е најлошиот тренер со кој соработувал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во Валенсија бранев десет години и имав прилика да работам со осум различни тренери. Куман беше убедливо најлошиот од сите. Не знаеше како да управува со тимот, ниту пак носеше правилни одлуки. Тактички не знаеше да ги објасни своите идеи на фудбалерите. Исто така беше очаен и кога во прашање е физичката подготовка“, изјави Кањизарес.
Интересно е што медиумите во Шпанија денес повикувајќи се на играч од соблекувалната кој сакал да остане анонимен пишуваа дека на никого не му биле јасни упатствата кои ги давал Кумкан.