Дома Останати Качанов приреди изненадување: Го победи Ѓоковиќ за тронот во Париз

Качанов приреди изненадување: Го победи Ѓоковиќ за тронот во Париз

Рускиот тенисер Карен Качанов ја освои првата Мастерс титула во кариерата, откако во финалето во Париз го победи Новак Ѓоковиќ со 7:5 и 6:4.

22-годишниот Русин важи за еден од најголемите тениски таленти во светот и денес го докажа тоа откако го запре фаворизираниот Ѓоковиќ и го постигна најголемиот успех во кариерата до сега.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Качанов играше рамноправо со Србинот до крајот на првиот сет кога направи бејк на 5:5 и потоа на свој сервис во освои првиот сет.

Иако сите очекуваа дека Ѓоковиќ во вториот сет ќе направи израмнување, сепак Русинот поведе со 3:1 и го чуваше бејкот до крајот на сетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ужас: Фудбалер нападнат со киселина во трговски центар 🎥

Страшни информации пристигнуваат од Малезија поврзани со фудбалерот Фејсал Халим. Имено, т…