Дома Македонски спорт Катерина Милевска под менторство на селекторот на САД, Влатко Андоновски дел од врвна програма на ФИФА

Катерина Милевска под менторство на селекторот на САД, Влатко Андоновски дел од врвна програма на ФИФА

Нашата селекторка на македонската женска репрезентација до 17 години, Катерина Милеска е дел од програмата на ФИФА и учесник во проектот „Coach Mentorship Programme” за развој на нова генерација женски тренери.

20 женски тренери учествуваат во програмата на ФИФА под менторство на 20 најуспешни тренери на женски репрезентации во светот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Катерина Милевска за свој ментор го доби селекторот на женската репрезентација на САД, нашиот Влатко Андоновски.

Двајцата за прв пат имаа можност да се запознаат на Светското првенство за девојки до 20 години кое се одржа во август во Костарика. Таму беше организирана тридневна работилница, која всушност за младите женски тренери значеше непроценливо искуство за добивање знаење од врвните тренери, како и учество во анализа на тренинзите и натпреварите од шампионатот за млади фудбалерки.  

Покрај обезбедувањето на талентирани тренери со ментори од светска класа, програмата исто така, има за цел да им помогне на женските тренери да постигнат поголеми резултати на нивните сегашни позиции, да понуди тренерски насоки и поддршка за развој на кариерата.

„Ова е одлична програма. Ни овозможува да запознаеме одлични тренери, со неверојатно искуство зад себе кога е во прашање женскиот фудбал. Исто така, ни овозможува да ги споделиме сите наши искуства на теренот, да комуницираме едни со други за работи низ кои сме поминале, или кои можеби ги поминуваме. За мене е голема привилегија што Фудбалската федерација на Македонија ми даде можност да бидам дел од оваа програма, а посебно што за свој ментор го имам Влатко Андоновски. Навистина е важно за мене да научам колку што можам повеќе, да слушам колку што можам повеќе и да споделувам колку што можам повеќе. Имаме неверојатна можност да учиме од најдобрите во женската игра“, вели Катерина Милеска.

По завршувањето на семинарот во Костарика, Влатко Андоновски неколку денови помина во нашата држава, каде што заедно со Катерина Милевска работеа на подготовка на следниот нејзин предизвик со репрезентацијата на Македонија до 17 години. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…