Дома Видео Катастрофално издание: Најдобриот фудбалер на светот?

Катастрофално издание: Најдобриот фудбалер на светот?

Реал Мадрид синоќа го изгуби и вториот меч во низа, откако беше поразен и од Селта на домашен терен, во рамките на Кралскиот куп со 1:2. Посебно лош меч одигра Кристијано Роналдо, кој веднаш се најде на ударот на критиките.

Откако викендов Кралевите го изгубија дербито против Севиља, со што ја завршија низата од 40 меча без пораз, избраниците на Зидан синоќа во рамките на четвртфиналето од Кралскиот куп изгуби на домашен терен и од Селта.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмногу на удар на критиките беше најдобриот фудбалер на светот, кој одигра премногу слаб меч. Губеше топки, делеше катастрофални пасови, паѓаше, а имаше и два потези по кои критичарите се насладуваат и го поставуваат прашањето: Дали е ова најдобриот на светот?

Интересно е и тоа што фановите во него ги побараа причините за сензационалниот пораз. Во анкетата што ја направи АС, некои не беа задоволни што Зидан го “играше” како класична “деветка”, но имаше и такви кои го загубија трпението и му порачаа да си оди.

„Мислам дека треба да прифати една од мултимилионските понуди од Кина и да замине таму”, изјави еден од навивачите на Реал.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…