Дома Фудбал Останато Касиљас објави фотографија со бизарен опис: Што сакаше да каже знае само тој (ФОТО)

Касиљас објави фотографија со бизарен опис: Што сакаше да каже знае само тој (ФОТО)

Легендарниот голман на Реал Мадрид и сегашен на Порто, Икер Касиљас објави на својот Инстаграм фотографија со бизарен опис и никој не разбира која е суштината на текстот кој го напиша.

Касиљас објави фотографија на пруги под која го напиша следниов текст: (читајте вниманателно, меѓутоа ние не веруваме дека ќе разберете нешто).


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Видов возови кои поминуваат. Видов возови кои не поминуваат. Видов расипани возови. Видов се! Но никој не ме виде мене“, гласи чудниот опис на фотографијата на легендарниот голман.

Еден од оние кои коментираа на фотографијата на Икер беше фудбалерот на Реал Бетис, Кристијан Тељо кој го праша Касиљас што прави на пругите.

Како и е да е изгледа оваа објава на Касиљас ќе остане мистерија за пошироката јавност.

Инаку неодамна Касиљас потпиша нов договор со тимот на Порто. Претходниот му истекуваше на крајот на оваа сезона, а соработката помеѓу Шпанецот и португалскиот клуб беше продолжена уште една сезона.

Во таа прилика Касиљас изјави:

„Кога дојдов тука, многумина мислеа дека ќе останам година или две и потоа ќе се пензионирам. Многу сум благодарен на овој клуб, не само на клубот туку и на целиот град. Сакам да ја завршам кариерата во Порто и да ги претставувам вредностите на овој клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…