Легендарниот голман Икер Касиљас долги години со успех го бранеше голот на Реал Мадрид, денес го носи дресот на Порто.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Касиљас откако го напушти Реал Мадрид се одлучи да не стави крај на кариерата и продолжи да брани, а на крајот го избра Порто.
Шпанскиот голман помина фантастични години во Ла Лига и шпанскиот фудбал бранејќи го дресот на Реал Мадрид. Сега Икер не криеше дека Ла Лига му недостасува и дека со задоволство би се вратил во Шпанија.
Сепак, вакво нешто во овој момент е тешко остварливо затоа што неодамна стави потпис на нов договор со португалскиот тим.
„Нема да кријам и ќе кажам дека со задоволство би се вратил во Шпанија. Мојата кариера во Реал и репрезентацијата се минато и знам дека сега е тешко да се оствари такво нешто. Среќен сум што имав прилика долги години да бидам дел о таа лига која денес многу ми недостасува“, изјави Икер.
Неговиот Порто оваа година се избори за четвртфинале во Лигата на шампионите каде што ќе игра против тимот на Ливерпул.