Дома Фудбал Италија Касано: Јувентус изгледа како ѓубре

Касано: Јувентус изгледа како ѓубре

Јувентус во четвртокот беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на Европа од Севиља по продолженија, па така оваа сезона ја заврши без освоен трофеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано жестоко го критикуваше тренерот на „старата дама“, Масилијано Алегри.

„Севиља заслужено го елиминираше Јувентус. Одигра навистина добро и знаеше што прави со топката во тешки ситуации. Беше тоа натпревар во кој Шпанците играа од почетокот до крајот. Јувентус имаше две контри и две шанси од перекин, откако постигнаа гол се затворија. Јувентус секогаш е така во Европа изгледа како ѓубре“, порача Касано.

За Касано виновник за ваквата игра на Јувентус е само Алегри.

„Две години не одиграле пристоен натпревар, а сега Алегри кој е виновник за таквата игра ќе зборува за потешкотиите кои ги имал. Дефинитивно не заслужија да играат финале во Лигата на Европа“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…