Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, Антонио Касано е познат како голем критичар, а овој пат го критикуваше тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Во разговор за „Бобо ТВ“ со Бобо Виери зборуваше за неуспехот на Јувентус кој сезонава не беше конкурентен во борбата за Скудетото и во последните кола обезбеди место во топ 4.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Зборуваат дека не можат да му дадат отказ затоа што заработува десет милиони евра. Јас ќе кажам дека баш поради тоа треба да добие отказ. Во јануари потроши сто милиони евра и ќе заврши четврти“, изјави Касано.
Поради системот на Алегри Касано смета дека Влаховиќ е жртва.
„Влаховиќ ми станува драг иако не го познавам. Го жалам, во четири месеци постигна шест гола за Јувентус. Во Фиорентина постигна 17. Неговиот ентузијазам опаѓа. Неверојатно е што напаѓач како него, еден од најдобрите во својата генерација во светот, не шутна кон голот во три натпревари“, изјави Касано.