Дома Фудбал Останато Карлос: Некогаш јас бев пример за лев бек, а денес Марсело поставува нови стандарди

Карлос: Некогаш јас бев пример за лев бек, а денес Марсело поставува нови стандарди

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Роберто Карлос го пофали неговиот сонародник Марсело кој денес исто така го носи дресот на „кралевите“.

Карлос смета дека Марсело во овој момент е најдобриот лев бек во светот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Луѓето некогаш ме гледаа мене како пример за лев бек, денес тоа е Марсело тој постави нови стандарди и мило ми е поради тоа“, изјави Карлос.

Не е изненадување што легендарниот Карлос има вакво мислење за Марсело со оглед на тоа дека 32 годишниот Бразилец веќе со години е помеѓу најдобрите играчи на својата позиција.

Со Реал Марсело освои четири титули во Лигата на шампионите исто толку во Ла Лига, четири светски клупски првенства, два шпански купа…

Член на Реал Мадрид е од летото 2007 година кога дојде од Фламиненсе.

Оваа сезона имаше проблеми со повредите и пропушти дури 15 натпревари поради тоа. Запиша вкупно 19 настапи во сите натпреварувања, постигна еден гол и додаде шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…