Дома Видео Карим Бензема и гол за паметење на дебито за Ал Итихад

Карим Бензема и гол за паметење на дебито за Ал Итихад

Карим Бензема постигна спектакуларен гол на своето деби за Ал Итихад на натпреварот од Арапскиот куп против туниски Еспреанс.

Карим Бензема синоќа дебитираше за Ал Итихад од Саудиска Арабија и по 55 минути игра францускиот фудбалер забележа асистенција и гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еспренас Тунис поведе со 1:0 во 26. минута преку Бугера, но само девет минути подоцна израмни Ал Итихад.

Бензема е одговорен за голот. Неговиот удар кон голот го одби Хамдала и саудискиот клуб израмни на 1:1.

Со овој резултат се замина на одмор, а по десет минути игра на сцена стапи еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Бензема ја зеде топката по левата страна. Следуваше неговиот добро познат дриблинг, а потоа и бомба кон противничкиот гол за кој голманот немаше решение.

Топката за малку ќе ја скинеше мрежата и Ал Итихад дојде до предност од 2:1.

Погледнете го овој навистина спектакуларен гол на 35-годишниот француски напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…