Дома Трансфер зона Кардиф собрал докази и ги испратил во ФИФА: Објаснуваат зошто не треба да платат за трансферот на Сала

Кардиф собрал докази и ги испратил во ФИФА: Објаснуваат зошто не треба да платат за трансферот на Сала

Фудбалскиот клуб Кардиф и ги предал на Меѓународната фудбалска федерација доказите поврзани за спорот со Нант околу исплатата на трансферот на Емилијано Сала, пренесуваат британските медиуми.

Нант се обрати до ФИФА поради спорот со Кардиф кој одбива да плати 15 милиони фунти за трансферот на Сала. Аргентинецот на 19-ти јануари потпиша договор со Кардиф и стана најскап играч на тој клуб, но два дена подоцна го изгуби животот во падот на авионот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од тогаш двата клуба се спорат околу исплатата на трансферот. Францускиот клуб ги бара паритe, а велшкиот тврди дека трансферот не е до крај завршен. ФИФА до 15-ти април им даде рок на клубовите да собираат докази, а Кардиф соопшти дека доказите ги предал уредно во предвидениот временски рок.

Кардиф тврди дека Премиер лигата го одбилa договорот на Емилијано Сала и поради тоа сметаат дека не треба да ја платат споменатата сума. Наводно, Сала се уште не бил пријавен како фудбалер во Премиер лигата.

Нант соопшти дека се работел во склад со правилата на ФИФА и потенцираше дека светската куќа на фудбалот го регистрирала трансферот на 29-ти јануари.

Едните тврдат едно, другите друго, двата клуба сметаат дека се во право, останува да видиме во наредниот период каков ќе биде одговорот на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…