Дома Фудбал Англија Кардиф поради случајот со Сала може да се соочи со одземање на бодови

Кардиф поради случајот со Сала може да се соочи со одземање на бодови

На Кардиф му се заканува дури и одземање на бодови доколку не започнат да ги исплаќаат парите на Нант за трансферот на Сала.

Двата клуба ги договорија условите за трансфер и договорот беше потпишан пред Сала да се врати во Нант да се поздрави со соиграчите. Меѓутоа покрај тоа клубот од Велс се уште не започнал да ја исплаќа договорената сума од 17 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според договорот Кардиф на Нант треба да му исплати сума од 17 милиони евра на три рати, меѓутоа засега не уплатиле ниту цент. Нант веќе си ги побара парите Кардиф го успоруваше процесот бидејќи телото не беше пронајдено. Телото вчера беше идентификувано и сега Кардиф изгледа ќе мора да започне со исплаќањето.

Експертот по спортско право, Џанпаоло Монтенери порачува дека Кардиф може да се соочи со бројни последици ако не започне да ја исплаќа договорената сума.

„Доколку не исполнат одредени ставки од договорот последиците можат да бидат од парични казни, па до одземање на бодови. Секако се работи за голема трагедија, но важно е да се истакне и финансиската страна. Нант со продажбата изгуби клучен играч и договорената оштета овој клуб мора да ја добие. Сурово е да, но едноставно правилата се такви“, изјави Монтенери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…