Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу по Европското првенство го привлече вниманието на европските екипи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Низ медиумите на Островот може да се прочита дека 26 годишниот дефанзивец е мета на Кардиф Сити. Муслиу во овој момент настапува за Мол Фехеревар, а ако Кардиф сака да го доведе во своите редови ќе мора да плати најмалку четири милиони евра.
Муслиу на Европското првенство на два натпревари ги одигра комплетните 90 минути, а во третиот беше заменет во финишот.
Ќе потсетиме пред да се пресели во МОЛ тој го носеше дресот на Шкендија, Вардар и Ренова.
