Дома Трансфер зона Карвахал со порака до управата: Нејмар пред Гризман, одлично би се вклопил во Реал

Карвахал со порака до управата: Нејмар пред Гризман, одлично би се вклопил во Реал

carvahal

Oдбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Дани Карвахал ја повика управата на Реал Мадрид да го доведе Бразилецот, Нејмар од Пари Сен Жермен.

Само неколку месеци откако пристигна во ПСЖ од Барселона веќе на големо се пишува за негово заминување и враќање во Шпанија и тоа најмногу се поврзува со големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според шпекулациите трансферот би можел да изнесува 400 милиони евра.

„Доколку бирам помеѓу Гризман и Нејмар? Навистина тежок избор, но би го избрал Нејмар. Искуството од натпреварите со него ме наведува на таква одлука, знам дека одлично би се вклопил во Реал“, изјави Карвахал за шпанските медиуми

Реал Мадрид неодамна го елиминираше ПСЖ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите со вкупен резултат 5:2, но Нејмар не настапи во реваншот поради повреда.

Покрај оваа порака од Карвахал, треба да се истакне дека Гризман е пред трансфер во Барселона каде што се очекува да премине во летото кое е пред нас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…