Дома Фудбал Лига на шампиони Карвахал се соочува со суспензија во ЛШ и дополнителна истрага на УЕФА: Причината и повеќе од бизарна

Карвахал се соочува со суспензија во ЛШ и дополнителна истрага на УЕФА: Причината и повеќе од бизарна

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го декласираа АПОЕЛ на гостувањето во Кипар со 6:0 во рамки на групната фаза од Лигата на шампионите.

Кралскиот клуб успеа на најдобар начин да излезе од малата криза која ја здрма оваа екипа некое време. Навивачите на Реал се надеваат дека по овој висок триумф конечно ќе се врати изгубената самодоверба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, по мечот во центарот на вниманието беше десниот бек на гостите, Дани Карвахал. Тој во финишот на мечот доби жолт картон поради кој ќе го пропушти мечот со Борсуија Дортмунд. Сепак, УЕГА одлучи да истажи се и тоа поради сомнеж дека Карвахал истото го сторил намерно.

Тој „пожолти“ бидејќи му требаше речиси минута да го изведе аутот. Меѓутоа, многумина веруваат дека намерно сакал да заработи картон за да влезе „чист“ во нокаут фазата. Но, ако тоа се потврди, УЕФА ќе го санкционира Карвахал со неиграње во дуелите од осминафиналето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…