Легендарниот англиски фудбалер, Џејми Карагер смета дека на Арсенал му е потребен уште квалитет за да ја освои титулата во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Арсенал оваа сезона беше на добар пат да го освои пехарот, но во финишот од сезоната имаа пад на формата и тоа го искористи Манчестер Сити.
„Арсенал игра слично како Манчестер Сити, има квалитетни фудбалери, но за титулата потребен им е поголем квалитет. Добар дел од играчите не се подготвени да играат постојано на највисоко ниво. Арсенал имаше 50 бодови на средината на сезоната и тоа изгледаше неверојатно. Но кога се натпреварувате со тим како Сити, вие мора да имате над 90 поени во сезона. Мора да купат повеќе квалитетни фудбалери ова лето“, изјави Карагер.