Дома Фудбал Англија Карагер: Ливерпул нема да се задоволи со титулата во ПЛ

Карагер: Ливерпул нема да се задоволи со титулата во ПЛ

Поранешниот дефензивец на Ливерпул, Џејми Карагер е свесен дека апетитите на Енфилд одамна пораснале.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Црвените претходната сезона ја освоија ЛШ, а сега се на прагот да ја освојат ПЛ, но Карагер смета дека тоа можеби нема да биде доволно…

„Постои некоја грижа, не поради лигата, која веќе е освоена, туку дали таа ќе биде доволна? Кога имате ваква сезона, тогаш би било добро да се освои и некој трофеј во куповите, без разлика дали тоа ќе биде ЛШ или некој англиски трофеј.“ – порача Карагер.

„Ако испадне и од двете натпреварувања, тогаш нема да биде катастрофа, бидејќи долго ја чекавме ПЛ, но многумина ќе кажат дека Ливерпул можеше многу повеќе оваа сезона.“

Јирген Клоп се фокусираше на освојување на ПЛ, но мора да се фокусира и на ЛШ бидејќи неговиот тим има 0:1 од првиот натпревар против Атлетико и на Енфилд го чека тешка задача.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Биелса по испаѓањето им се развика на новинарите: Доста веќе!

Познато е дека Марсело Биелса не е љубител на разговори со новинари, а се чини дека испаѓа…