Дома Фудбал Капитенот Тиаго Силва сепак останува во ПСЖ

Капитенот Тиаго Силва сепак останува во ПСЖ

Долго време се шпекулираше дека бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва ова лето ќе го напушти ПСЖ како слободен агент.

Договорот на Тиаго Силва со ПСЖ истекува ова лето, а „светците“ воопшто не започнаа преговори за продолжување на соработката и веќе бараа негова замена.

Меѓутоа, францускиот клуб се премисли, па последните информации се дека сепак му понудиле нов договор на својот капитен.

Клубот очекува да се договори со Силва за намалување на платата од 14 милиони евра годишно и двете страни се блиску до договор.

Се очекува Бразилецот да потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…