Дома Фудбал Репрезентации Капитенот на Русија: Јас сум за Путин и го поддржувам за акцијата во Украина!

Капитенот на Русија: Јас сум за Путин и го поддржувам за акцијата во Украина!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Русија, јавно изрази поддршка за рускиот претседател Валдимир Путин.

Џјуба кој сега го носи дресот на Локомотив Москва зборуваше за руските медиуми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Секогаш чувствував дека Русија е моја земја. Долго размислував да одам да играм во странство, имаше моменти и кога сакав да игра во некоја од топ пет првенства. Но, сега и да ме викаат не би одел. Зошто не би одел? Поради целата ситуација, поради радикалниот однос кон нас.

Мислам дека тоа не е убаво. Ги симнаа маските и го покажаа тој однос. Ако така се однесувате кон нас, тогаш не сте ни потребни. Всушност не можам да ги поднесам, јас сум патриот и ја сакам мојата земја“.

Истакна дека целосно го поддржува претседателот Путин во акцијата во Украина.

„Историјата ќе суди за се. Сега сум во целост за претседателот, тоа не е го кријам и јавно го кажувам. Секогаш сум за мојата земја, така ќе биде до крајот на мојот живот“, изјави Џуба.

Џјуба во кариерата играше за Спартак Москва, Том Тоск, Ростов, Зенит, Арсенал Тула и Адана Демирспор. За репрезентацијата на Русија одигра 55 натпревари и постигна 30 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…