Холандските медиуми објавија дека Динамо Загреб го довел талентираниот играч на ПСВ, Џастин Де Хас (21).
Станува збор за играч кој е капитен за тимот до 21 година на ПСВ, игра како стопер, но по потреба може да покрива и на левата бековска позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Де Гас истекува ова лето и ако левоногиот стопер се докаже на „Максимир“ би можел да дојде бесплатно. Според
„Трансфермарк“ неговата вредност во овој момент е 350.000 евра.
Наводно Динамо се договорил во последните моменти од зимскиот преоден рок кој во Хрватска заврши вчера.
Во овој момент ова изгледа како уште една добра зделка на Динамо, па ќе видиме како ќе се развива Хас.