Дома Фудбал Капитенот на Мароко: Разочарани сме, но го сакаме третото место!

Капитенот на Мароко: Разочарани сме, но го сакаме третото место!

Мароко е најпријатно изненадување на Мундијалот во Катар, а капитенот на репрезентацијата Роман Саис се надева дека ќе ја победат Хрватска во битката за третата позиција.

Репрезентативците на Мароко синоќа немаа сила за ново изненадување и победа против актуелниот светски шампион Франција (0-2), па Саис вели дека се разочарани со поразот.

„Разочарани сме поради поразот, но сакаме да одиме до крај и би било убаво ако го освоиме третото место.

Ова ќе биде големо искуство за нас. Во фудбалот сè е можно кога ги правиш вистинските работи“, вели Саис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски гледа напредок и по поразот: Македонија да игра без страв против Словенија

Езџан Алиоски најде причини за оптимизам во настапот во Глазгов, иако Македонија загуби со…