Дома Македонски спорт Капитенот на Бугарија: Македонците на натпреварот гледаат политички

Капитенот на Бугарија: Македонците на натпреварот гледаат политички

Репрезентацијата на Бугарија ќе биде следен противник на Македонија во натпреварот кој ќе биде последен во Лигата на Нации.

Овој натпревар е директен дуел за второто место, Бугарија има шест бода на третата позиција, ние сме втори со седум. Капитенот на бугарската репрезентација Кирил Десподов после вчерашната победа против Гибралтар од 5:1 изјави дека Македонија овој дуел го очекува како политички.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Против Македонија во понеделник не чека потежок натпревар. Мислам дека Македонците на овој натпревар гледаат повеќе на политичка сцена отколку на фудбалска. Имаат предност поради домашната публика, но сигурно дека и ние можеме да направиме добар резултат“, изјави Десподов.

Натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија се игра в понеделник на Националната арена во 20:45 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …