Дома Фудбал Лига на шампиони Капело: Црвениот картон за Аталанта никој не може да ми го објасни, оштетен беше и Лацио

Капело: Црвениот картон за Аталанта никој не може да ми го објасни, оштетен беше и Лацио

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело порача дека Аталанта и Лацио биле оштетени во натпреварите од Лигата на шампионите.

Аталанта играше против Реал Мадрид и најголем дел од фудбалската јавност смета дека беа оштетени во 18. минута кога судијата Тобијас Штилер му покажа црвен картон на Фројлер. Капело тврди и дека Лацио бил оштетен ден претходно против Баерн.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Црвениот картон за Аталанта е разочарувачки затоа што Фројлер не беше последен играч, а и Менди не одеше директно кон голот. Жолт картон ќе беше правилна одлука, црвниот никој не може да ми го објасни. Судијата го уништи натпреварот“.

„Еден ден претходно и Лацио беше оштетен за пенал против Баерн Минхен…Искрен мене ми станува сомнително“, изјави легендарниот стратег алудријаќи на на некава завера против италијанските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …