Дома Трансфер зона Капело тврди: Бев во Шпанија, Реал Мадрид навистина спрема 500 милиони евра за засилувања

Капело тврди: Бев во Шпанија, Реал Мадрид навистина спрема 500 милиони евра за засилувања

Реал Мадрид ќе биде и тоа како активен во летниот преоден рок.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби задача во целост да го обнови тимот, а шпанските медиуми споменуваат сума од 500 милиони евра, колку што претседателот на клубот, Флорентино Перез наводно спремил за доведување нови фудбалери.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се очекува доаѓање на големи ѕвезди. Еден Азар би требало да биде првото големото име, а со „кралевите“ се поврзуваат уште Пол Погба, Садио Мане, Килијан Мбапе и многу други фудбалери.

Дека има вистина дека Реал Мадрид спрема 500 милиони евра за засилувања откри поранешниот тренер на тимот од Мадрид, Фабио Капело. Тој тоа го потврди во разговор за „Скај Италија“.

„Престојував во Шпанија во претходните денови. Иако бев во Барселона сретнав човек кој многу знае за случувањата во Реал Мадрид. Тој ми кажа дека навистина Реал спрема 500 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок“, изјаив Капело.

Легендарниот италијански стратег истакна дека и многу е важно што Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал.

„Верувајте ми дека ме изненади неговото враќање. Мислам дека сега ќе има многу повеќе моќ на клупата“, додаде Капело.

Италијанскиот стратег на два пати седнуваше на клупата на Реал Мадрид и два пати ја освои титулата шампион на Шпанија. Прво во Реал беше во сезоната 1996/1997, а потоа и десет години подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди трампа на ПСЖ

Манчестер Јунајтед го стави на продажба Маркус Рашфорд и сакаат да се ослободат од него во…