Дома Фудбал Лига на шампиони Капело со жестоки критики за Бонучи: Таквите работи ги научи во Италија! (ВИДЕО)

Капело со жестоки критики за Бонучи: Таквите работи ги научи во Италија! (ВИДЕО)

Ванда Метрполитано вчера беше центарот на фудбалските случувања во Европа, а во тој натпревар Атлетико Мадрид го совлада Јувентус со 2:0 и си обезбеди добра предност пред реваншот.

Атлетико славеше со двата голови постигнати во второто полувреме, додека „старата дама“ не беше на потребното ниво.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голот за водство за Атлетико го постигна Хименез во 78 минута после еден каранбол во шеснаесетникот на Јувентус. Неколку минути претходно на Атлетико му беше поништен погодок после прегледувањето на ВАР снимката, но во таа 78-ма минута голот беше признаен.

При постигнувањето на голот на Хименез дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи го навлече гневот на фудбалската јавност со обидот да исценира прекршок и да изнуди реакција од главниот судија или ВАР собата.

Еден од оние кои јавно го критикуваа Бонучи беше италијанскиот стратег Фабио Капело.

„Бонучи таквите работи ги научи во Италија. Таму сме навикнати ваквите работи да се судат во корист на дефанзивците – паѓаш и добиваш прекршок. Бонучи само го допреа, а тој се фрли на тревникот. Тој е навикнат на такво нешто, меѓутоа во Европа судењето е поинакво и неговиот тим плати со примен погодок“.

„Јасно е дека немаше ништо, судијата не ни размислуваше само му кажа да стане и да продолжи, тоа беше добра одлука“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…